Makedonci – 7. dan -m
ИЗВЕШТАЈ за активностите спроведени во сабота, 25 април
Денес беше спроведена практична вежба за гаснење пожари во затворени простори. Вежбата беше наменета за учесници – волонтери, кои имаа можност директно да ги доживеат реалните услови и чувството на интервенција во средина со високи температури и активен пожар. Со оваа практична обука, учесниците се стекнаа со важни знаења и вештини за справување со пожари во затворени топли простори и ја подобрија својата подготвеност за реални ситуации. Вежбата беше одлично организирана и успешно спроведена под менторство на инструктори од ПГД Шинков Tyрн.
Во вториот дел од денот, по добро подготвен ручек обезбеден од ПГД Шинков Tyрн, беа доделени сертификати за успешно завршена обука за противпожарна заштита на 14 членови на Волонтерската противпожарна единица Повардарец Неготино.
Дополнителни дипломи беа доделени и за извонредни достигнувања:
-
Дарко Коцевски – Најмладиот член на обуката за противпожарна заштита: тој се трудеше најмногу што можеше да ги исполни своите должности со одговорност.
- Васко Јованов – Најдобар готвач и организатор на кујна. »Кухиња е мој најблиски пријатели.«
- Ангел Мојсоски – Највнимателниот возач, одговорен и принципиелен учесник на обуката.
- Даниел Јакимов – Најкреативен репортер, со постигнати добри резултати на вежбите.
- Аки Елезов – Скромен, внимателен и конструктивен учесник на обуката.
- Методи Ристов – Најдобриот тимски играч, практичен во идеите и со уникатен хумор..
По размената на македонското и словенечкото знаме меѓу претседателите, следеа групни фотографии и размена на подароци. По официјалното завршување на обуката, следеше опуштено и неформално дружење меѓу претставници на двете организации.



