Makedonci – 6m
23.04.2026 – четврток
Утрото во 08:00 часот бевме подготвени за нов ден исполнет со нови предизвици.
Се сретнавме со ПГД Шинков Турн и се упативме кон пожарната бригада од 7-ма категорија на аеродром Јоже Пучник, Љубљанa. Таму имавме разгледување и презентирање на нивната опрема и возила. 

После завршувањето на аеродромот се упативме кон Пожарен завод Крањ, Словенија 6-та категорија. Тука имавме презентација која што беше многу од корист, после презентацијата имавме презентирање на нивните возила и опрема која ја поседуваат.
Исто така го посетивме и ПГД Збиље во општина Медводе кое е 1 категорија.
Во втората половина од денот, после ручекот во ресторан Језеро се упативме на обука/вежба.
Денес имавме интензивна обука за укажување на прва помош во
сообраќајни несреќи – ситуации кои бараат брзина, смиреност и правилни одлуки. Преку практични вежби учевме како да реагираме во критични моменти, како да обезбедиме безбедност на местото на несреќата и како правилно да им помогнеме на повредените додека пристигне професионална помош.
сообраќајни несреќи – ситуации кои бараат брзина, смиреност и правилни одлуки. Преку практични вежби учевме како да реагираме во критични моменти, како да обезбедиме безбедност на местото на несреќата и како правилно да им помогнеме на повредените додека пристигне професионална помош.На крајот од денот повторно се вративме во ПГД Шинков Турн каде што уредно ја средивме нашата опрема.



