Makedonci – 4. dan -m
ИЗВЕШТАЈ
за реализирани активности на ден 22.04.2026 година
На ден 22.04.2026 година, во 08:30 часот, учесниците пристигнаа во кругот на ПГД Шинков Турн, каде беа пречекани од партнерите и тимот задолжен за реализација на обуката. Пред официјалниот почеток, беше организирана воведна активност во форма на квиз, подготвен од страна на Марија, со цел поттикнување на тимски дух и подготовка за понатамошните активности.
Обуката во текот на денот беше организирана во три тематски целини. Учесниците беа поделени во три групи, при што секоја група ротираше и учествуваше во сите предвидени активности.
Првата активност опфаќаше теоретска настава поврзана со тактики за гасење пожар, при што беа обработени основни принципи и пристапи во различни ситуации.
Втората активност беше практична симулација на гасење пожар во затворен простор, со цел стекнување практични вештини и примена на теоретските знаења.
Третата активност се однесуваше на ракување со скали и техники за врзување опрема со јажиња, при што учесниците имаа можност да вежбаат правилна и безбедна употреба на опремата.
По завршувањето на обуката, беше организирана посета на градот Блед и Бледското Езеро. Во рамки на посетата, учесниците со кајче се упатија кон Бледскиот остров, од каде имаа можност да го разгледаат Бледскиот замок и да уживаат во природните убавини на езерото.
На враќање беше организирана вечера, по што учесниците се вратија на одмор, со цел подготовка за наредните активности.



