100 let PGD Šinkov Turn

Makedonci-4m

21.04.2026 – вторник
 
Утрото во 08:00 часот бевме подготвени за нов ден исполнет со предизвици. Во кругот на ПГД Шинков Турн, во службено возило на организацијата, ја натоваривме заштитната опрема за сите членови и се упативме кон Постojна, во посета на ПГД Постojна. Ова друштво се наоѓа на 5-то ниво според рангирањето кое постои од 1880 година и брои 275 членови. Во општина Постojна постојат вкупно 6 доброволни друштва.
 
Имавме презентација од Рок Мухич, проследена со обиколка на објектот на организацијата. Тој истакна дека учествувале и во интервенција во Македонија, во Берово. Потоа ни беше презентирана целокупната опрема – од возила до дополнителна механизација.
 
Нашиот амблем беше закачен на табла меѓу многуте амблеми на доброволни друштва, што за нас претставуваше посебна чест.
 
Следуваше презентација од Боштан Трилер за шумски пожари, нивните искуства и стратегии, кои вклучуваат превенција, организација и планови за гаснење. И тие имаат учествувано во акции за гаснење пожари во Македонија.
 
По паузата за ручек продолживме со теоретска настава за шумски пожари. На оваа сесија ни се приклучи и Дарко Мухич, висококвалификуван пожарникар кој исто така учествувал во гаснење пожари во Македонија во 2007 година.
 
Особено впечатлив е податокот дека 8% од населението се доброволци, што претставува вистински феномен. Како една од тактичките мерки ни беше претставено и превентивното палење.
 
Во Словенија функционираат 13 центри за известување, постојат 1333 доброволни друштва и 13 професионални единици.
 
Практичната настава продолжи длабоко во шумата со две показни вежби, кои успешно ги реализиравме тимски заедно со нашите ментори. Вежбите за гаснење шумски пожари беа изведени на два начина: со рачни алатки и со користење на шумско противпожарно возило со вода.
 
Направивме обиколка и на воениот полигон кој е под надлежност на ПГД Постojна за заштита од пожари, по што се упативме кон пожарната станица. Денот го завршивме со заедничка вечера, топли поздравни говори и размена на подароци.
претходниот денследниот ден –   назад
  • 100 LET

  • Muzej.1925

    logo#
  • Dohodnina

    Nič vas ne stane, če ste dobrodelni
    Več ›

  • 90 let 1925-2015

    logo#

  • Iskanje

  • Povezave

    • Gasilska zveza Slovenije
    •  
    • Občina Vodice
    •  
    • Sledi nam na FB
  •  
  • spletna stran Gasilske zveze regije Ljubljana
  •  
  •  
  • GZ Vodice
  •  
  • PGD Repnje-Dobruša
  •  
  • PGD Vodice
  •  
  • PGD Zapoge