100 let PGD Šinkov Turn

Makedonci-3m

Денес го посетивме ПГД Пресерје, кое е рангирано на Ниво 1. Критериумите за рангирање според словенечките закони се: минимум 12 членови, поседување основна опрема, како и бројот на жители во населеното место, а ова место има 14.000 жители.

Интересен факт е тоа што општината му има доделено плац и донација од 100.000 евра за изградба на противпожарен дом со поголем капацитет, со површина од околу 400 квадратни метри.

Во случај на пожар, први пристигнуваат доброволното друштво кое е најблиску и соседните друштва, во зависност од степенот на ризик, а централната државна противпожарна единица известува, координира и излегува на самото место. Во регионот на Љубљана постојат 1 централна државна противпожарна единица и 35 доброволни друштва.

По посетата се упативме кон областа Шишка, каде формиравме 3 тима од по 5 членови, составени од професионалци, лица со обука и останати членови.

Следуваше пауза за ручек, по што се упативме кон домот на ПГД Шинков Турн, каде се одржа обука составена од 3 дела.

Тимовите што ги формиравме наизменично учествуваа во посебните делови од обуката. Првиот дел беше теоретска настава, изведена од командир Мајран Ј. Вториот дел беше практично запознавање со противпожарно возило и неговата целокупна дополнителна опрема, по што извршивме практично полнење на цистерна од хидрант, поставување на две линии и симулирање на гаснење пожар.

Третиот дел од обуката се состоеше од запознавање со самостоен апарат за дишење, по што извршивме и вежба со негова употреба. Сите тимови ги поминаа сите делови од обуката.

На крајот од денот се запознавме со законите, поимите и поставеноста на словенечката држава, по што бевме послужени со вечера од страна на партнерската организација.

 

Пред тргнување бевме сведоци на пожар во соседните куќи и бевме изненадени од брзината со која се мобилизираа доброволците и излегоа на терен за да го изгаснат огнот.

Izrabotil
Daniel Jakimov

претходниот денследниот ден –   назад

  • 100 LET

  • Muzej.1925

    logo#
  • Dohodnina

    Nič vas ne stane, če ste dobrodelni
    Več ›

  • 90 let 1925-2015

    logo#

  • Iskanje

  • Povezave

    • Gasilska zveza Slovenije
    •  
    • Občina Vodice
    •  
    • Sledi nam na FB
  •  
  • spletna stran Gasilske zveze regije Ljubljana
  •  
  •  
  • GZ Vodice
  •  
  • PGD Repnje-Dobruša
  •  
  • PGD Vodice
  •  
  • PGD Zapoge